според
Вид збор: Предлог
Ранг: 194
1.
За искажување дека нешто се врши сообразно, согласно со нешто.
Англиски:
according
Според нашите книги, излегува дека претпријатието работи со загуби.
Според законот.
Според обичајот.
Според можностите.
Според способностите.
2.
Во состав со личните заменки мене, тебе или со именка -по мое, твое мислење, сфаќање.
Англиски:
according
Според него, тоа не заслужува внимание.
Ќе треба, според тебе, да се свика состанок.
Според некои научници, градот се наоѓал десно од патот.