спушти
спуштат; спуштил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 963
1.
Пушти надолу; подаде од високо некому нешто; отпушти нешто закрепено.
Примери:
Спушти го детето на земја.
Го спуштија ковчегот во гробот.
Ги спуштија децата од балконот.
Спушти ми го клучот.
Ја спуштија завесата.
Спушти го патентот на вратата.
Го спушти жената превезот.
Слично со:
отпушти (св.)
2.
Премести во пониска положба.
Примери:
Ги спуштија знамињата на половина копје.
Спушти ја гранката да скинам едно јаболко.
3.
намали, снижи
Примери:
Ги спуштија цените.
Беше потребно да го спуштат нивото на водата.
Спушти го малку гласот.
Слично со:
снижи (св.)
4.
(за кораб, чун) Пушти во вода.
Примери:
Веднаш ги спуштија чуновите.
5.
(се спушти) Слезе надолу; се отпушти; тргне по текот на река.
Примери:
Се спушти по скалите.
Се спушти по јаже.
Завесата се спушти и претставата заврши.
Се спуштивме по Вардар.
Слично со:
слезе (св.)
6.
(се спушти) За птици, инсекти, авиони - дојде на земја.
Примери:
Се спуштија врапчињата по храната.
Најпосле авионот се спушти на аеродромот.
7.
(се спушти) За мрак, ноќ, магла, облак - легне на земјата, падне, настапи.
Примери:
Се спушти мрак над селото.
Се спушти облак.
Наеднаш се спушти голема магла.
8.
(се спушти) За коса - падне надолу, висне.
Примери:
Ѝ се спуштиле косите до раменици.
Слично со:
висне (св.)
9.
(се спушти) Се отпушти на понизок степен.
Примери:
Треба да се спушти на нивото на учениците.
10.
(се спушти) се снижи, се намали
Примери:
Температурата се спушти под нулата.
Му се спушти гласот.
11.
(се спушти) се загне, се јурне
Примери:
Се спуштија момчињата да го фатат крадецот.
Се спуштија да му помогнат.
12.
(се спушти) се нафрли
Примери:
Се спуштија на мирните граѓани.
Му се спуштија кучињата и го раскинаа.
Слично со:
нафрли (св.)