а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

среќен

среќни
Вид збор: Придавка
Ранг: 501
1. Кој има или испитува среќа, радост; што изразува среќа, радост.
Англиски: happy
Примери:
среќен човек
Беше сиот среќен.
среќно лице
среќен изглед
Среќна Нова година!
Среќни празници!
2. полн со среќа, радост
Англиски: joyful
Примери:
среќно детство
среќен живот
среќни денови
3. Што му работи среќата.
Англиски: lucky
Примери:
среќен ученик
среќен противник
4. Што носи среќа, радост.
Англиски: successful
Примери:
Момчето имаше среќна рака.
среќно решение
среќен исход
среќен случај
среќна мисла
среќен број
Изрази
(разг.) Среќен пат! - добар пат, поздрав!
Среќен роденден - поздрав при честитање.
Под среќна ѕвезда (е роден) - има голема среќа, среќен е во животот.