срцевина
срцевината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8451
1.
Супстанца што се наоѓа во внатрешноста на коските; средишниот дел на стебло или на корен на некое растение.
Примери:
срцевината на буката
Слично со:
срж (ж.)
2.
Сушност, основа на нешто.
Примери:
срцевината на прашањето
Изрази
Здрав како дренова срцевина.
До срцевината расипан (накиснат).