а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стил

мн. стилови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1153
1. Целокупност од признаци карактеристични за уметноста на определено време, нација, школа.
Англиски: style Албански: stil
Употреба: Уметност
Примери:
византиски стил
готски стил
2. Начин на пишување, на изразување на мислите.
Англиски: style Албански: stil
Употреба: Литература
Примери:
новинарски стил
стилот на Нушиќ
3. Начин на остварувањето на нешто.
Англиски: method Албански: stil, metodë
Примери:
стил на работа
(разг.) во стилот на
Во голем стил.
4. сметање на времето
Англиски: chronology Албански: stil, kronologji
Примери:
Стар и нов стил.
По нов стил (по новиот грегоријански календар).
По стар стил (по стариот јулијански календар).