стисне
стиснат; стиснал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2969
1.
Стегне со рака, со некој предмет и сл.
Примери:
Му ја стисна раката.
Девојчето стисна лимон во чајот.
Тој стисна на ѕвончето и вратата се отвори.
Слично со:
стегне (св.)
2.
Прилепува, прилепи, припие цврсто, спои едно со друго.
Англиски:
stick
Албански:
ngjit, shtërngoj
Ги стисна усните и не рече ни збор.
Ги стисна двете нозе.
Децата ги стиснаа дланките меѓу колениците.
Слично со:
прилепи (св.)
3.
(се стисне) Се собере, се збие во тесен простор.
Англиски:
squeeze
Албански:
shtërngoj, trus
Се стиснале во собата и молчат.
Три деца се стиснаа на едно седиште.
Се стиснаа во преполнетиот автобус.
Слично со:
збие (св.)
5.
Цврсто држи в раце.
Англиски:
press
Тој безумно стисна нож в рака.
Девојчето ќе ја стисне куклата до себе и не ја дава никому.
6.
Стегне со рака во знак на срдечен поздрав, благодарност и сл.
Англиски:
press
Со наклон ја стисна неговата рака.
Изрази
Стисне во прегратки - прегрне некого.