сув
суви
Вид збор: Придавка
Ранг: 733
1.
Кој не е натопен, мокар.
Англиски:
dry
Албански:
i thatë, i tharë
Останав сув.
По сув пат (по суво).
Кошулата ми е веќе сува.
2.
Кој не е влажен.
Англиски:
dry
Албански:
i thatë, i tharë
Суво ми е грлото (устата).
Штиците беа суви.
Спротивно од:
влажен (прид.)
4.
Кој нема воопшто или има недоволно влажност.
Англиски:
dry
Албански:
i thatë, i tharë
сув ветер
сув воздух
сува соба
5.
За време во кое нема доволно количество врнежи.
Англиски:
dry
Албански:
e thatë, i tharë
сува година
сува зима
(разг.) сув студ
6.
Приготвен со сушење, исушен.
Примери:
суви сливи
суво грозје
суво овошје
8.
Кој е без животни сокови, исушен, умртвен; кој е со атрофирани мускули.
Англиски:
wilted,
faded
Албански:
i thatë, i tharë
сува гранка
сува трева
сува нога
сува рака
9.
Кој дејствува или се произведува при отсуство на влага.
Примери:
Сув галвански елемент.
Сува дестилација (добивање гасови од јаглен, дрво).
10.
без плунка, без шлајм
Примери:
сува кашлица
сув плеврит
12.
слаб, мршав
Примери:
Тој го јаваше сувиот коњ.
Старецот со суво лице.
13.
Лишен од душевна топлина, непречеклив.
Примери:
сув одговор
сув пречек
14.
Кој е без живост, без изразност.
Англиски:
laconic
Албански:
lakonik, pa gjallëri
сув извештај
сув стил
Слично со:
лаконски (прид.)
Изрази
(разг.) Од полна бочва сув ќе излезе (воден пушти го, сув ќе излезе) за човек кој многу пие.
Писнало и суво и сурово од него.
(посл.) Покрај сувото и суровото гори.
Сув пост - строг пост кога не се јаде ниту масло.
Сув како барут.
Сува ја клаваш, водена ја вадиш (гатанка за кофа).
(посл.) Сува пола риба не јаде - треба да завлезеш во некоја работа, да преземеш ризик па да имаш добивка.
Сува храна - конзервирана храна.
Суво вино - што нема сладок вкус.
Јаде сув леб - сиромашно, скромно јаде, само леб.