а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

судија

мн. судии
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1729
1. Лице в суд што води процеси.
Англиски: judge Албански: gjyqtar
Употреба: Правда
Примери:
судија на окружен суд
мировен судија
народен судија
2. Лице што искажува суд, мислење, заклучок за нешто.
Англиски: critic Албански: kritik
Примери:
Тој беше прв судија на неговите литературни дела.
3. Лице што води натпревар.
Англиски: referee Албански: arbitër
Употреба: Спорт
Примери:
Судијата добро го водеше натпреварот.
Изведенки
судијка ж.
мн. судијки