а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

точи

точат; точел; точен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8184
1. Налева, тура некаква пијачка.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Точи вино.
точено пиво
2. Трга, тегли нишка од кадела, од кожурец.
Албански: tërheq
Примери:
Точи свила.
Точи срма.
3. (се точи) Тече, се лие, во тенки млазеви, бразди.
Англиски: pour Албански: toçit
Примери:
Две солзи се точат по лицето сиво.
точено пиво
4. (се точи) Минува во мноштво, се ниже, тече.
Англиски: pass Албански: rrjedh, toçitet
Примери:
Се точат гости.
Се точат деновите.
5. Шили врв на нешто.
Англиски: sharpen Албански: mpreh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Точи молив.
6. Танчи, остри сечило на нешто.
Англиски: sharpen Албански: hollon, mpreh
Примери:
Точи нож, сабја.
(прен. разг.) Точи заби.