а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

увид

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4287
1. Преглед, разгледување, подобро, поподробно запознавање со нешто.
Англиски: inspection Албански: kontrollim
Примери:
Има (нема) увид во нешто.
2. Утврдување на фактичката состојба.
Англиски: examination Албански: kontroll
Употреба: Правда
Примери:
Се изврши увид на самото место.
Изрази
Има увид во нешто - познава, е во тек со нешто, има целосна претстава за нешто.
Добие (целосен) увид - добро, подробно се запознае со нешто.
Стави на увид - изнесе, изложи нешто за да се види, да се разгледа, да се запознае.
Даде на увид - даде нешто некому да се види, да се прегледа, да се разгледа.