улица
мн. улици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 245
1.
Пат меѓу згради во населено место.
Примери:
главна улица
тесна (широка) улица
жива (прометна) улица
пуста улица
забутана улица
Имињата на улиците се ставаат во наводници.
2.
Населението на една улица.
Примери:
Целата улица се плаче од него.
3.
Средината што е надвор од контролата на семејството, на училиштето или на која и да било општествена установа.
Примери:
Ние не треба да дозволиме нашите деца да ги воспитува улицата.
Изрази
(разг.) Го исфрли на улица - го истера од работа.
(разг.) Ја остави на улица - без средства за живот.
Мери улици - шета, ништо не работи, безделничи.
Излезе на улица - протестира против нешто.