управа
мн. управи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2689
1.
управување
Англиски:
management
Албански:
menaxhim
Тешка и одговорна управа.
Во времето на нашата управа.
Слично со:
менаџмент (м.)
2.
Раководство, власт што раководи и управува.
Примери:
Управата на земјата е во нивни раце.
Слично со:
раководство (ср.)
3.
Раководен орган на установа, претпријатие.
Англиски:
administration
Албански:
ndërmarrje
Управата на училиштето.
Слично со:
дирекција (ж.)
4.
Самата зграда во која работи тој орган.
Примери:
Денеска бев во градската управа.
5.
Ред, закон, систем на владеење.
Примери:
Да се бориме против турската управа.