а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

филозофија

мн. филозофии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2133
1. Наука за најопштите закони на развитокот на природата, човечкото општество и мислењето.
Англиски: philosophy Албански: filozofi
Употреба: Религија и Филозофија
Примери:
историја на филозофијата
2. Сфаќањето на нешто, убедување, концепција.
Англиски: philosophy Албански: filozofi
Употреба: Разговорно
Примери:
Тоа беше негова филозофија до која се држеше во животот.
3. Методолошките принципи што лежат во основата на некоја наука.
Англиски: methodology Албански: metodologji
Примери:
филозофија на лингвистиката
4. (мн. филозофии) Излишни мудрувања.
Англиски: philosophization Албански: filozofijat
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Доста со тие ваши филозофии.