храни
  
     
     
  
  
      
          
            
              хранат; хранел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 1918
	    
	
    
    
      
          1.
          Дава храна; помага на неспособен или болен да се храни; дава храна на дете. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Детето ги хранеше пилињата. 
	              
	            
	          
	            
	              Навечер ги хранеше коњите, добитокот.
	              
	            
	          
	            
	              Го храни болниот.
	              
	            
	          
	            
	              Го храни вештачки.
	              
	            
	          
	            
	              Уште е малечок, мајка му го храни.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          (само 3. л.) Дава средства за издржувањето на некого, издржува; служи како средство за издржување, за приходи. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Татко му уште го храни. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој го храни целото семејство.
	              
	            
	          
	            
	              Синко, оваа земја нѐ храни сите.
	              
	            
	          
	            
	              Дуќанот нѐ хранеше.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  издржува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          (само 3. л.) Одржува некого. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Филозофијата не ме храни веќе.
	              
	            
	          
	            
	              Спортот ме храни.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се храни) Добива храна, јаде и пие. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се хранеше само со риба. 
	              
	            
	          
	            
	              Се храни диетално.
	              
	            
	          
	            
	              Се храни в ресторан.
	              
	            
	          
	            
	              Веќе сама се храни.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се храни) Се издржува, добива средства за живот. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Работеше и се хранеше. 
	              
	            
	          
	            
	              Се хранев со својата пот.
	              
	            
	          
	            
	              Чуваше пилиња, ги продаваше и се хранеше.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Храни куче да те лае (поговорка).
          
      
    
    
    
 
   
         
	        