хумор
(едн.) хуморот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3378
1.
Претставување на настаните, човечките недостатоци и слабости во ненавредлив комичен вид, духовитост.
Примери:
Има голема смисла за хумор.
Добродушен, лесен хумор.
2.
Уметничко дело проникнато со духовитост.
Примери:
Хумор и сатира.
Изрази
Црн хумор.