а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

царски

царска
Вид збор: Придавка
Ранг: 3085
1. Што се однесува на цар; кој припаѓа или служи на цар; кој потекнува од цар.
Англиски: royal Албански: mbretëror
Примери:
царски дворец, царска круна
царски престол, царска титула
царски указ, царска власт
царски род, царска вода
2. Што е својствен за цар.
Англиски: royal Албански: mbretëror
Примери:
царско величество
царско достоинство
3. Што е близу до царот.
Англиски: royal Албански: mbretëror
Примери:
царски довереник
4. Што се однесува на политичкиот режим на царство.
Албански: mbretëror
Употреба: Разговорно
Примери:
царската влада
Царска Русија
царска служба
царски пат
5. Што се извршува од цар и од негови блиски.
Албански: mbretëror
Примери:
царска посета
царска свадба
6. Што е како кај цар.
Англиски: royal Албански: si mbret
Употреба: Преносно значење
Примери:
царски подарок
царско јадење
Изрази
(разг.) Неговото (нејзиното) царско величество.
(мед.) Царски рез.
(црков.) Царска врата (царски двери).