чекор
мн. чекори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 351
Примери:
Мал чекор за еден човек, голем чекор за човештвото.
Оди со жив чекор.
Оди во чекор со некого.
Првите чекори за (кон) нешто.
Првите чекори во животот.
2.
Растојанието меѓу стапалата при тоа движење.
Примери:
Неколку чекори од нас.
Два чекора понатаму.
3.
дејствие, постапка
Примери:
Дипломатски чекор.
Изрази
На секој чекор - многу често, насекаде.
(разг.) Чекор по чекор - едно по друго, постепено.
(разг.) Чекор напред - постигање во нешто, напредок.