чесен
чесни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2443
1.
За човек - морално исправен.
Англиски:
honest
Албански:
i ndershëm
Чесни деца на уште почесни родители.
Спротивно од:
нечесен (прид.)
2.
Својствен на морално исправен човек.
Англиски:
honest
Албански:
i ndershëm
чесни мисли
чесни намери
чесна душа
Слично со:
искрен (прид.)
3.
Што одговара на барањата на чест.
Англиски:
honourable
Албански:
i ndershëm
чесна постапка
(разг.) Чесен збор!
4.
За девојка - девствена.
Англиски:
virgin
Албански:
e ndershme, e virgjër
Ако е чесна, ќе ја земам за жена.
Слично со:
девствен (прид.)
5.
свет, почитуван
Англиски:
honourable
Албански:
i nderuar
Чесен крст, чесна трпеза, чесна кума.
Чесно седи, чесно мисли, работи итн.
Слично со:
почитуван (прид.)
Изведенки
чесно прил.
Пример: Работи чесно.
Пример: Работи чесно.