чест
(едн.) честа
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2788
1.
Целокупност од морални особини, сврзани со достоинството на човека, со неговото добро име во општеството.
Примери:
Изгуби чест.
Тој гледа многу на својата чест.
Суд на честа.
(разг.) Чест да немам (ако те лажам).
За чест и слава.
2.
почит
Англиски:
reverence
Албански:
nder, respekt
Стекне чест, здобие се со чест.
Направи (стори) чест на некого.
Оддаде чест.
(разг.) Част и чест.
Слично со:
почит (ж.)
3.
Пројава на особено внимание, почит, признание.
Примери:
Тоа е за мене голема чест. Смета за чест.
Тоа ми прави чест.
Имам чест (ја имам честа) да...
Слично со:
признание (ср.)
4.
славење
Англиски:
celebration
Албански:
nder
Во чест на некого или на нешто.
Во чест на гостинот.
Во чест на празникот.
Слично со:
славење (ср.)
5.
девственост
Англиски:
virginity
Албански:
nder, virgjiritet
Чест на девојка.
Се обиде да ја земе честа на девојката.
Слично со:
девственост (ж.)