а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чести

честат; честил; честен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7564
1. Почестува некого со нешто, обично гостин.
Англиски: treat Албански: qeras
Примери:
Ќе те честам една чаша вино.
Чести кафе.
2. Плаќа пијалак, јадење, сметка на друштво, или дава нешто на подарок.
Англиски: treat Албански: qeras
Примери:
Денеска јас честам.
3. Укажува чест.
Англиски: honour Албански: nderoj, respektoj
Примери:
Тебе сите те честат.
4. честита
Англиски: congratulate Албански: uroj
Примери:
Дојдовме да ти го честиме името.
5. (се чести) Заемно честита.
Англиски: congratulate Албански: uroj
6. Да оди негде често, чини нешто често.
Англиски: frequent Албански: frekuentoj
Употреба: Народна поезија
Примери:
Што честом честиш на хоро?