чисти
чистат; чистел; чистен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3140
1.
Отстранува нечистотија од нешто, прави да биде нешто чисто.
Примери:
Чисти куќа, улица, алишта, чевли, заби итн.
2.
Го отстранува непотребното, туѓото, штетното од нешто.
Англиски:
remove
Албански:
largoj, pastroj
Чисти дрво од гасеници.
Чисти оџак.
3.
премавнува, ослободува
Примери:
Чисти земја (држава) од крадци.
4.
(се чисти) Отстранува од себе нечистотија.
Примери:
Цели два часа се чистев, толку што се бев извалкал.
5.
(се чисти) Станува јасен, се разјаснува.
Англиски:
clear
Албански:
qartësoj, kthjelloj
Небото се чисти.
Времето се чисти.
Гласот ми се чисти.
6.
Се истава, си оди, напушта определено место.
Примери:
Чисти се!
Изгледа дека јас морам да се чистам одовде.
Нека се чистат туѓинците од нашава земја.