чита
читаат; читам, читаме; читај, читајте; читав; читан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 388
1.
(без предмет) Знае да користи напишан текст.
Примери:
Тој знае да чита и да пишува.
Многу читав денеска.
Спротивно од:
пишува (несв.)
2.
(преод.) Чита книга, писмо, роман итн.
Примери:
Го чита Балзака.
Чита предавање, извештај, лекции.
3.
За чувства, мисли, намери - погодува, разбира, одгатнува.
Примери:
Ти ги читам мислите.
Му чита на некого од.
Чита меѓу редови.
Слично со:
одгатнува (несв.)
4.
(за ноти) Чита ноти - ги познава нотите, може да ги испее или да ги отсвири.
Изрази
Чита на некого лекција, молитва, евангелие, буквица - поучува, укорува некого.