а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

а

Вид збор: Сврзник
Ранг: 45
1. За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени.
Англиски: and
Примери:
Под селото растат големи столетни дабови, а над селото се протега голема букова гора.
2. За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински.
Англиски: and
Примери:
Таа не дојде, а тоа беше вистинска навреда.
3. (а камоли) За изразување сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Примери:
Тој не сакаше да се јави, а камоли да дојде.
4. (не само ... а и) Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Англиски: even
Примери:
Не само што не сакаше да јаде таа, а и нам не ни дозволуваше да јадеме.
5. За поврзување зборовни состави или реченици, меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен.
Примери:
Не тага, а клетва во очите матни носи.
6. (а сепак) За изразување на спротивно од очекуваното, со значење и покрај тоа што.
Примери:
Многу зборуваше, а сепак не рече ништо.
7. (а...а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива.
Англиски: either
Примери:
А удолу, а угоре, исто ми се фаќа.
8. За нагласување на наизменично вршење на дејства, за временско сопоставување.
Англиски: as soon
Примери:
А ќе стане, а ќе почне да се лути.