а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

в

Вид збор: Предлог
Ранг: 202
1. Пред нечленувани именки ако не почнуваат со в или ф и ако не се истакнува именката.
Англиски: in
Примери:
Тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже.
Отиде в град.
2. Во народната и уметничката поезија и покрај тоа што именката е членувана.
Англиски: in
Примери:
Високо в небото кликна орел.
Како младоженец в зора девојките ќе те облечат.
3. Во називите на деновите во неделата.
Англиски: on
Примери:
Доаѓам в недела.
Изрази
Главата в торба - ризикува за некого или за нешто.