Историја - категорија

Австро-Унгарија повеќе

Вид збор: Име
Поранешна католичка монархија, односно позната и како Двојна Монархија.
Англиски: Austria-Hungary
Примери:
Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа.

австроунгарски повеќе

Види и: Австро-Унгарија (име.)
австроунгарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однестува на Австро-Унгарија.
Примери:
Австроунгарската војска извојувала победа во Битката кај Капорето.

ага повеќе

мн. аги
Вид збор: Именка, машки род
Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција.
Турски: ağa Албански: agë
Примери:
Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги.
Назив на заповедник во турската платеничка војска.
Турски: ağa Албански: agë
Примери:
Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите.
Почесен назив на секој угледен Турчин за обраќање од страна на нетурското население.
Турски: ağa Албански: agë
Примери:
Преседоа агите преку зимските месеци, пројадоа, пропија, се науживаа во конаците.

агитпроп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Скратеница за агитација и пропаганда; одделение за агитација и пропаганда кај политички и други организации.
Примери:
Тој беше во еден од баталјоните, а јас во агитпропот на бригадата.

агора повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Пазар, плоштад во Античка Грција.
Англиски: agora Грчки: αγορά

агува повеќе

агуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има положба на ага, е ага.
Турски: ağalık Албански: krenar
Примери:
Турците агуваа со определени територии.

азил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Неприкосновено место (во Средниот век црквите и манастирите) каде што обвинетите можеле да се засолнат и да избегнат казна.
Англиски: asylum Албански: azil
Примери:
Таа дојде сама спасувајќи се и ние и дадовме азил.

ајдук повеќе

Види и: ајдут (м.)
мн. ајдуци
Вид збор: Именка, машки род
Отпадник што се борел против турската власт.
Англиски: rebel Турски: haydut Албански: komit
Примери:
По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината.

ајдукува повеќе

ајдукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее и дејствува во својство (состојба, статус) на ајдук.
Албански: vetiak
Примери:
Меѓу нив има и такви кои со години ајдукувале.

ајдутство повеќе

(едн. )
Вид збор: Именка, среден род
ајдучка дејност
Албански: hajdutëri
Примери:
Ајдутството е еден вид форма на национално движење за слобода.

аквадукт повеќе

Види и: акведукт (м.)
мн. аквадукти
Вид збор: Именка, машки род
акведукт
Англиски: aqueduct

акведукт повеќе

мн. акведукти
Вид збор: Именка, машки род
Стар водовод, поставен врз градба во вид на мост со повеќе лакови.
Англиски: aqueduct
Примери:
Римски акведукт.

акропол повеќе

мн. акрополи
Вид збор: Именка, машки род
Град на живите луѓе.
Англиски: acropolis Албански: akropol

амфитеатар повеќе

мн. амфитеатри
Вид збор: Именка, машки род
Театар или циркус кај старите Грци и Римјани со кружни или полукружни скалесто поставени седишта.
Англиски: amphitheater Албански: amfiteatër
Примери:
Тоа е огромен простор со ѕидови, влажни камења, столбови и еден амфитеатар - тука понекогаш се прикажуваа антички драми.

амфора повеќе

мн. амфори
Вид збор: Именка, женски род
Земјен сад со тесно грло и дно, со две рачки.
Англиски: amphora Албански: amfore
Примери:
Стара амфора.
Стара мера за течност.
Англиски: amphora Албански: amfore

ангарија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
присилна работа
Англиски: forced labor Турски: angare Албански: angari, punë e dhunshme
Примери:
Народот мора да плаќа по десет именувани и безимени даноци, облози и ангарија.

Англосаксонец повеќе

мн. Англосаксонци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на стар германски народ што живеел во Англија пред Норманското освојување.
Англиски: Anglo-Saxon

андарт повеќе

мн. андарти
Вид збор: Именка, машки род
грчки востаник
Англиски: andarte

антанта повеќе

мн. антанти
Вид збор: Именка, женски род
сојуз
Англиски: entente Француски: entente
Примери:
Голема антанта - сојуз меѓу Англија, Франција, САД, Русија и некои помали држави во времето на Првата светска војна.

антика повеќе

мн. антики
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Стара грчко-римска култура.
Англиски: antiquity Албански: antikitet, lashtësi
Стар предмет со уметничка вредност.
Англиски: antique Албански: antikitet

антифашизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политичко движење против фашистичката идеологија.

антифашист повеќе

мн. антифашисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се бори против фашизмот.

аншлус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Присилно приклучување, присоединување на туѓа територија.
Англиски: annexation Германски: Anschluss

апотеоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во антиката: обред на воздигнување, прогласување на некого (владетел, цар) за божество.
Англиски: apotheosis Албански: apoteozë

арамбаша повеќе

мн. арамбаши
Вид збор: Именка, машки род
водач на арамии
Англиски: robber Турски: harami Албански: grabitës

арач повеќе

мн. арачи
Вид збор: Именка, машки род
Данок што се собирал во времето на турската власт од немуслиманското население.
Англиски: tax Турски: haraç Албански: haraç
Примери:
Собираа арач по една лира од глава.

арачлија повеќе

мн. арачлии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што собирал арач, даночник.
Англиски: tax collector Турски: haraçcı
Примери:
Идат арачлии арач да собираат.

арена повеќе

мн. арени
Вид збор: Именка, женски род
Ограден простор на кој во античко време се изведувале разни игри или борби.
Англиски: arena Албански: arenë
Примери:
Гладијаторот страдаше во арената.

Ариец повеќе

мн. Аријци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ариевската раса во нацистичка Германија.
Англиски: Aryan

аспра повеќе

мн. аспри
Вид збор: Именка, женски род
ситна сребрена пара (монета)
Англиски: farthing

Астек повеќе

мн. Астеци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на изумрено индијанско племе во Мексико.
Англиски: Aztec

астечки повеќе

астечкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Астеците.
Англиски: aztec
Примери:
астечки пирамиди
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш