Сцена - категорија

акт повеќе

мн. акти
Вид збор: Именка, машки род
Чин, дел од театарска претстава.
Англиски: act Албански: akt
Примери:
Драмата се состои од повеќе актови.

актер повеќе

мн. актери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што настапува во театарски претстави или на филм.
Англиски: actor Албански: aktor
Примери:
Главен актер.

актерство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Актерска игра.
Англиски: acting
Примери:
Таквите поетски гестови се вистинско актерство.

актовка повеќе

мн. актовки
Вид збор: Именка, женски род
Едночинка, драмски текст во еден чин.
Англиски: one-act play Албански: njëaktësh

алтернација повеќе

мн. алтернации
Вид збор: Именка, женски род
Повремено заменување на двајца актери во толкувањето на иста ролја.
Англиски: alternation Албански: ndryshim

ансамбл повеќе

мн. ансамбли
Вид збор: Именка, машки род
уметничка група
Англиски: company Француски: ensemble Албански: shoqëri
Примери:
Театарски ансамбл.

артистика повеќе

(едн.) артистиката
Вид збор: Именка, женски род
циркуска уметност
Англиски: artistry Албански: punë artistike

аудиција повеќе

мн. аудиции
Вид збор: Именка, женски род
Пробен настап на актери и пејачи пред комисија; проверување на гласовни, музички или актерски способности.
Англиски: audition
Примери:
Аудиција за пејачи.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш