Сцена - категорија

кабаре повеќе

мн. кабареа
Вид збор: Именка, среден род
Кафеана, јавен локал или мал забавен театар во кој се изведува разновидна леcна, забавна програма со музика и игра, во кој се служи пијалак.
Англиски: cabaret
Примери:
Без добри, актуелни и свежи хумористично-сатирични скечеви нема квалитетно кабаре.

кабуки повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Традиционална форма на јапонски театар со музика и танц.
Англиски: kabuki

кадар повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
Основна монтажна единица на филм, дел од филмска лента снимен со еднократна работа на камерата.
Англиски: take Албански: kuadër
Секоја, засебна снимка од филмска лента.
Англиски: picture Албански: kuadër, foto
Примери:
Го сними и последниот кадар од филмот.

караѓоз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави смешки, комичар.
Англиски: comedian Турски: karagöz Албански: komedian
Театарска претстава со кукли.
Англиски: puppet Албански: shfaqe teatrale me kukëlla

каскада повеќе

мн. каскади
Вид збор: Именка, женски род
Опасна сцена во која има многу паѓање, превртување од коњ, автомобил во движење и сл.
Албански: kaskadë, skenë e rrezikshme

каскадер повеќе

мн. каскадери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го заменува филмскиот актер при снимање на опасни и тешки сцени.
Англиски: stuntman

кинемаскоп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид кинематографска техника за прикажување филмови на голем екран.
Англиски: cinemascope

кинематографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Снимање на предмети во движење, настани и нивно прикажување на филмско платно.
Англиски: cinematography Албански: kinematografi

кино повеќе

мн. кина
Вид збор: Именка, среден род
Место, сала каде што се прикажуваат филмови.
Англиски: cinema Албански: kinema
Примери:
Секоја сабота одевме в кино.

кинооператор повеќе

мн. кинооператори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прожектира филмови.
Англиски: projectionist

кинопрограм повеќе

мн. кинопрограми
Вид збор: Именка, машки род
Програм од филмови што се изведува за одредено време во кината.
Англиски: movie program
Примери:
телевизиските програми и кинопрограмите

кинопроектор повеќе

мн. кинопроектори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за прожектирање на филмови.
Англиски: movie projector

киносала повеќе

мн. киносали
Вид збор: Именка, женски род
Сала за прикажување филмови.
Англиски: movie theater
Примери:
библиотека, киносала и можности за рекреација

кинотека повеќе

мн. кинотеки
Вид збор: Именка, женски род
Установа што се занимава со собирање и чување на филмска документација и со прикажување на постари филмови; филмски архив.
Англиски: film library Албански: kinotekë

клапа повеќе

мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
Посебна плоча со горен ударен дел со која се снимаат ознаките за бележење одделни кадри во филмот.
Англиски: take Германски: Klappe Албански: kllapë
Примери:
Последната клапа на филмот ќе биде снимена денеска на пероните на Железничката станица во Скопје.

комедија повеќе

мн. комедии
Вид збор: Именка, женски род
Вид драма со смешна, весела содржина.
Англиски: comedy Албански: komedi
Примери:
Најпаметното лице во комедијата е глупакот.

комедијант повеќе

мн. комедијанти
Вид збор: Именка, машки род
Актер што игра комични ролји.
Англиски: comedian Албански: komedian
Примери:
Патувачки комедијанти.

комичар повеќе

мн. комичари
Вид збор: Именка, машки род
Актер што игра смешни, комични улоги.
Англиски: comedian Албански: komedian
Примери:
Овој артиcт е роден комичар.
Лице што умее да ги засмева и да ги забавува другите.
Англиски: comedian Албански: komedian

костим повеќе

мн. костими
Вид збор: Именка, машки род
Облеката со којашто настапуваат артистите.
Англиски: costume Албански: kostum
Примери:
Театарски костим.

костимограф повеќе

мн. костимографи
Вид збор: Именка, машки род
Сликар, креатор на костими за театар, филм и сл.
Англиски: costume designer
Примери:
Костимографот ја збогати атмосферата на кабарето.

костимографија повеќе

(едн.) костимографијата
Вид збор: Именка, женски род
Уметност на креирање и на правење на костими за театар, филм и сл.

кукла повеќе

мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Фигура со подвижни делови (раце, нозе, глава) и со која се игра во куклен театар.
Англиски: puppet Турски: kukla Албански: kukull, marionet

куклар повеќе

мн. куклари
Вид збор: Именка, машки род
Актер што работи во куклен театар; стручњак за таков театар.
Англиски: puppeteer Албански: aktor në teatrin e kukullave
Примери:
Кукларот во нашиот театар е еден од најдобрите.

куклен повеќе

куклениот
Вид збор: Придавка
Во кој учествуваат кукли, што се однесува на кукла.
Англиски: puppet
Примери:
куклен театар, куклена претстава

кулиса повеќе

мн. кулиси
Вид збор: Именка, женски род
Составен дел од декорот на театарска сцена, подвижен насликан ѕид или друг елемент.
Англиски: scene

кусометражен повеќе

кусометражни
Вид збор: Придавка
Само во изразот: кусометражен филм - филм што трае покусо од вообичаеното.
Англиски: short
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш