Минералогија - категорија

азбест повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Влакнест минерал што служи за изработка на несогорливи предмети (противпожарна облека).
Англиски: asbestos
Примери:
Азбестот е штетен за околината.

аквамарин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Проѕирен полускапоцен камен со боја како морската вода.
Англиски: aquamarine

аморфен повеќе

аморфни
Вид збор: Придавка
Што нема кристална структура.
Англиски: amorphous

ахат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид полускапоцен камен, минерал составен од повеќе видови кварц, лесно впива боја, се користи при изработка на накит.
Англиски: agate
а - б - г - д - ж - к - м - п - с - т - у - ф - ц