Минералогија - категорија

камен повеќе

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
Тврд минерал што се наоѓа во внатрешноста или по површината на Земјината кора.
Англиски: stone Албански: gur
Примери:
Вулканот исфрлаше лава и вжештени камења.

каолин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид глина, минерал од кој се изработува порцелан.
Англиски: kaolin Албански: kaolin

каолинит повеќе

Види и: каолин (м.)
(едн.) каолинитот
Вид збор: Именка, машки род
Глинест минерал познат под името кинеска глина.
Англиски: kaolinite

кварцит повеќе

мн. кварцити
Вид збор: Именка, машки род
Метаморфна карпа составено од зрна кварц, цврсто поврзани со силициумски цемент.
Англиски: quartzite

кремен повеќе

мн. кремени
Вид збор: Именка, машки род
Многу тврд камен што пушта искри при удар.
Англиски: flintstone
Примери:
Запали оган со кремен.
а - б - г - д - ж - к - м - п - с - т - у - ф - ц