Пословнично - категорија

палец повеќе

мн. палци
Вид збор: Именка, машки род
Првиот, најдебел прст на раката и на стапалото.
Англиски: thumb Албански: gisht i madh
Примери:
(посл.) Палецот ако не беше, ништо човек не ќе направеше.

палица повеќе

Види и: палка (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
стап, измазнета суровица
Англиски: stick
Примери:
Полициска палица.

пастри повеќе

пастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
чува, пази, варди, крие, штеди
Англиски: save Албански: ruaj
Примери:
(разг.) Тој пастри некоја пара.

паталец повеќе

мн. паталци
Вид збор: Именка, машки род
Некој што многу пател, искусен човек.
Англиски: sufferer

перница повеќе

мн. перници
Вид збор: Именка, женски род
Мека постилка за главата при спиење.
Англиски: pillow
Примери:
душекот и перницата

пиленце повеќе

Види и: пиле (ср.)
мн. пиленца
Вид збор: Именка, среден род
пиле
Англиски: chick Албански: zog
Примери:
(нар. поез.) Трено, пиленце шарено!
п - р - с - т - ф - ч