брцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Вовлече нешто во нешто, рака, нож и сл.
Примери:
Полека брцна во џебот од елечето и оттаму извади илјада денари.
вденат
Вид збор: Глагол, свршен
Вовлече, вовре низ нешто тесно.
Примери:
Таа се обидуваше да го вдене конецот во иглата.
влезат
Вид збор: Глагол, свршен
(Со кратка заменска форма ми, ти, му..) Навлезе нешто некому.
Примери:
Му влезе спица под ноктот.
вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, вовре нешто некаде.
Примери:
Го вовлекол прстот под коланот.
воврат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, вотне, пикне нешто некаде.
Примери:
Не можеше да ја вовре петлицата во иликата.
Вид збор: Глагол, несвршен
Става, пика нешто некаде.
Примери:
Пиштолот го вотинал под перница.
(се вотина) Се става, се пика некаде.
Примери:
Зајачето му се вотинаше во пазувите.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со лепењето сосема, залепи нешто што не било добро залепено.
Примери:
Ги дозалепив фотографиите во албумот за да не се изубат.
Вид збор: Глагол, свршен
(се долепи) Се доближи до некого или до нешто.
Примери:
Се долепив до него.
држат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се држи) Се придржува кон нешто.
Примери:
Јас се држев за вистината.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да брца.
Примери:
Детето ги забрца рацете во водата.
(се забрца) Почне да се брца.
Примери:
Се забрца по џебовите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се забута) Се напика, се засолни некаде.
Примери:
Глушецот се забута во некоја дупка, го снема.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да буца.
Примери:
Кравата се разлути и ја забуца жената.
заврат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрие, пикне, вовлече нешто некаде, вовре.
Примери:
Ја завре главата под перница и почна да плаче.
заденат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи, стави нешто во друго нешто.
Примери:
Рацете ги заденал во широкиот појас.
залепат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема приближи, допре дел од телото до некого или до нешто.
Примери:
Детето го залепи лицето на стаклото.
(се залепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Примери:
Калта се залепи за тркалата на колата.
запнат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи дел од облеката за нешто при движење.
Примери:
Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.
заринкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се закопа, се набие во нешто.
Примери:
Колата заринка во калта.
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш брцне нешто некаде.
Примери:
Детето несмасно го збрца прстот во растопеното чоколадо.
избуцаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се избуца)
Примери:
Воловите се избуцаа еден со друг.
Вид збор: Глагол, свршен
Залепи нешто целосно, залепи сè до последното.
Примери:
Момчето ги излепи тапетите во дневната.
испроврат
Вид збор: Глагол, свршен
Провре нешто повеќепати, провре многу нешта.
Албански:
qep, shpoj, depërtoj
Примери:
Ја испровре врвката низ платното.
мн. клечки
Вид збор: Именка, женски род
Тенка, куса прачка.
Примери:
Момчето со клечка долго чепкаше и риеше во земјата.
Тенки и куси дрвца со определена намена.
Примери:
Веселите дечиња лижеа шеќери на клечка.
Многу слаб човек.
Примери:
Си станал клечка.
лепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прикачува некому некаква особеност, постапка итн.
Примери:
Тој секогаш им ги лепи своите грешки на други.
(се лепи) Е леплив.
Примери:
Одам да се измијам, зашто ми се лепат рацете од медот.
мн. моливи
Вид збор: Именка, машки род
Средство за шминкање во форма на молив, што личи на молив.
Албански:
laps për shminkim
мушкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
боде, бутка
Примери:
Војникот со пушката ја мушкаше в слабина.
(се мушка) се вртка, се провира
Примери:
Се мушкаа низ дворот.
набодат
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи на повеќе места шилести предмети (колци, игли).
Примери:
Набоде неколку колци на меѓата.
наврат
Вид збор: Глагол, свршен
Вовлече, втера во нешто тесно.
Албански:
fus, shtin, rras
Примери:
Прстенот што го навре, не можеше да го извади.
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто лошо, се најде во лоша положба.
Примери:
Со оваа работа си налепив голема беља.
(се налепи) Се залепи во голем број, многу.
Примери:
На ѕидот се налепиле мушички.
Вид збор: Глагол, свршен
Закачи боцки, игли по голема површина на нешто.
Примери:
Капата ја опкачи со разни значки.
Вид збор: Именка, женски род
стап, измазнета суровица
Примери:
Полициска палица.
мн. палки
Вид збор: Именка, женски род
покус стап
Примери:
(разг.) Гумена палка за тепање.
потпикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, поттури, тутне некому нешто.
Примери:
Му потпикна некоја пара на келнерот да му најде празна маса.
мн. пратови
Вид збор: Именка, машки род
Отсечен прав и долг стап.
Примери:
лесков прат
прилепат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема приближи до некого или до нешто.
Примери:
Го прилепи увото на вратата за да наслушне.
(се прилепи) Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто.
Примери:
Калта му се прилепи на чевлите.
(се прилепи) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или нешто.
Примери:
Животното се прилепи до него за да го почувствува пријатниот допир.
(се прилепи) Се лепи, се наметне, се натури некому.
Примери:
На игранката ѝ се прилепи едно момче и не ја остави на мира.
Вид збор: Именка, среден род
роват
Вид збор: Глагол, несвршен
боде
Примери:
Овој вол многу рови.
мн. сопи
Вид збор: Именка, женски род
стап
Примери:
Трчал со сопата в рака.
Вид збор: Глагол, свршен
Провлече низ тесен отвор.
Примери:
Ја спроврел главата низ оградата.
мн. стапови
Вид збор: Именка, машки род
тојага
Српски:
штап
Албански:
shkop
Примери:
Момчето имаше во рацете еден голем стап.
Како мера; удар со стап.
Примери:
Му удрија сто стапа.
Вид збор: Именка, среден род
стап
Примери:
Кога ќе го грабнам тоа стапиште, ќе те отепам.
Вид збор: Именка, среден род
стап
Примери:
Го удри со стапчето.
Вид збор: Именка, среден род
мн. стикови
Вид збор: Именка, машки род
Мало парче во вид на молив.
Примери:
спреј и стик
Компјутерски дел што се приклучува и исклучува со вметнување во одреден интерфејс.
Примери:
УСБ-стик
стиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Прилепува, прилепи, припие цврсто, спои едно со друго.
Албански:
ngjit, shtërngoj
Примери:
Ги стисна усните и не рече ни збор.
шукнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се шукне) се вовлекува, се упикува
Примери:
Ѓаволот се шукнал во една дупка.
Вид збор: Глагол, несвршен