Физика - категорија

аеродинамика повеќе

(едн.) аеродинамиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од динамиката што ги проучува силите што настануваат со струење на воздухот (или воопшто на гасовите) и нивното дејство врз телата што се изложени на нив.
Англиски: aerodynamic Албански: aerodinamikë

аерометар повеќе

мн. аерометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење густина и тежина на воздухот.
Англиски: aerometer Албански: aerometër
Примери:
Аерометарот има оловни топчиња кои му даваат точно определена маса.

аеромеханика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од механиката што се занимава со движење на воздухот и другите гасови.
Англиски: aeromechanics
Примери:
Аеромеханиката е раздел на хидроаеромеханиката.

акустика повеќе

(едн.) акустиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за звукот.
Англиски: acoustic Албански: akustika

акцелератор повеќе

мн. акцелератори
Вид збор: Именка, машки род
Забрзувач, уред за забрзување на наелектризираните честички до саканата брзина.
Англиски: accelerator Албански: përshpejtues

акцелерација повеќе

(едн.) акцелерацијата
Вид збор: Именка, женски род
забрзување
Англиски: acceleration Албански: përshpejtim

акција повеќе

мн. акции
Вид збор: Именка, женски род
движечка сила
Англиски: action Албански: aksion
Примери:
Отсуство на акција и реакција.

алфа-зраци повеќе

Вид збор: Именка, множина
Јонизирачко зрачење што настанува при радиоактивен распад при што се емитираат алфа-честички.
Англиски: alpha radiation

алфа-честичка повеќе

мн. алфа-честички
Вид збор: Именка, женски род
Честичка со позитивен електричен набој составена од два протона и два неутрона.
Англиски: alpha particle

ампер повеќе

мн. ампери
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на јачината на електричната струја.
Англиски: ampere Француски: ampère Албански: amper

амперметар повеќе

мн. амперметри
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење на јачината на електричната струја.
Англиски: ammeter Албански: ampermetër

амплитуда повеќе

мн. амплитуди
Вид збор: Именка, женски род
Најголема оддалеченост од положбата на рамнотежа при нишање, најголема вредност што ја достигнува некоја величина што е подложена на периодични промени.
Англиски: amplitude Албански: amplitudë
Примери:
Зголемување на амплитудата на движењата.

амплитуден повеќе

амплитудниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на амплитуда.
Примери:
амплитуден детектор

анемометар повеќе

мн. анемометри
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење брзина на ветар.
Англиски: anemometer

анода повеќе

мн. аноди
Вид збор: Именка, женски род
Позитивна електрода.
Англиски: anode Албански: anodë

аноден повеќе

анодниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на анода.
Албански: anod

антициклон повеќе

мн. антициклони
Вид збор: Именка, машки род
Подрачје со висок воздушен притисок.
Англиски: anticyclon Албански: anticiklon

астрофизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од астрономијата што се занимава со структурата и физичките својства на ѕвездите и вселената.
Англиски: astrophysics
Примери:
Тој студира астрофизика.

атмосфера повеќе

мн. атмосфери
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Воздушна обвивка околу Земјата.
Англиски: atmosphere Албански: atmosfera
Единица за мерење на воздушниот притисок.
Англиски: atmosphere Албански: atmosferë

атмосферски повеќе

Види и: атмосфера (ж.)
атмосферскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со атмосфера.
Англиски: atmospheric Албански: atmosferik
Примери:
атмосферски притисок

атом повеќе

мн. атоми
Вид збор: Именка, машки род
Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони.
Англиски: atom Албански: atom
Примери:
Атомот го држат кохезиски сили.

атомски повеќе

Види и: атом (м.)
атомска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со атом.
Англиски: atomic Албански: atomik, nuklear
Примери:
Елементот е откриен половина век подоцна со 92 протони во атомското јадро.

аудио повеќе

Вид збор: Префикс
Што се однесува на слухот.
Англиски: audio

ахроматски повеќе

ахроматскиот
Вид збор: Придавка
безбоен
Англиски: achromatic
Примери:
ахроматска леќа
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ