мушичка

мн. мушички
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8331
1. Bид ситен инсект.
Латински: Bibionidae Англиски: flies Албански: mizë
Употреба: Зоологија
Примери:
Ситни мушички.
Водата беше полна со раски и удавени мушички.
Ми влезе мушичка во окото.
2. глупости
Англиски: nonsense Албански: miza në kokë, marri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Треба тие мушички да им ги избијам од глава!
Изрази
(зоол.) Гулабечка мушичка - вид мушичка која цица крв од стоката, а се изведува кај гулабите (Simulium golubacense).
Cи има мушички (во главата) - има необични, настрани миcли, идеи; своеглав е.
Изведенки
мушиче ср.
мн. мушичиња
дем.