блостур
мн. блостури
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 34468
1.
Билка со сиви, мовливи листови, со цврсто стебло и со гроздеста, жолта розета од цветови што шират непријатен мирис.
Примери:
Тој и смрдлив блостур пушел со него од страв да не го навреди.
Во устата му се гледа пена со боја на сок од толчен блостур.
Лежеше човекот во дивата детелина измешана со блостури и штавеј.
Вид: растение (ср.)
2.
(само едн.) Назив за растенија со големи, издолжени листови над површината на земјата што најчесто растат на необработливо земјиште и обично не се употребуваат во исхраната на луѓето; , Rumex, Rubia, Vегbаѕkum.
Примери:
Луѓето изумреле, овошките подивеле и пропаднале, блостур израснал насекаде.
Го расчистив со мотика блостурот, земјата ја посипав со тутун за да не се приближат змиите од ѕидот.