Ботаника - категорија

бабилика повеќе

мн. бабилики
Вид збор: Именка, женски род
Шумско дрво, високо десетина метри, со плод сличен на мала круша.
Латински: Sorbus torminalis Англиски: service tree Албански: vadhëz, vojsë

бабјак повеќе

мн. бабјаци
Вид збор: Именка, машки род
Двегодишна билка што расте на неплодна запуштени места како плевел, висока до два метра со жолти цветови.
Латински: Verbascum phlomoides Англиски: mullein Албански: lëpushkë

бабура повеќе

мн. бабури
Вид збор: Именка, женски род
Вид широка дебела пиперка.
Латински: Capsicum Англиски: bell pepper

бабушка повеќе

мн. бабушки
Вид збор: Именка, женски род
бабура
Англиски: bell pepper Албански: spec dollmë

багрем повеќе

мн. багреми
Вид збор: Именка, машки род
Листопадно дрво, со високо тенко стебло и бело-розов цвет со опоен мирис (бела акација).
Латински: Robinia pseudoacacia Англиски: black locust Албански: akacie, bagrem, rogovecë
Примери:
Мирисот на багремот.

багремник повеќе

мн. багремници
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со багреми.
Албански: rogovece
Примери:
Стар багремник.

багремов повеќе

багремови
Вид збор: Придавка
Што се однесува на багрем.
Албански: i akacies
Примери:
Багремов цвет.

бадатка повеќе

мн. бадатки
Вид збор: Именка, женски род
диња
Англиски: melon

бадем повеќе

мн. бадеми
Вид збор: Именка, машки род
Многугодишно шумско дрво со бел или розов цвет и плод со јатка.
Латински: Prunus amygdalus Англиски: almond Турски: badem Албански: bajame Бугарски: бадем
Примери:
расцутени бадеми

бадемка повеќе

мн. бадемки
Вид збор: Именка, женски род
Bид диња чие јадро (со семето) лесно се одвојува.
Англиски: melon Албански: bakërkë, lloj pjepëri
Примери:
Жолти дињи бадемки.

бадемов повеќе

бадемовиот
Вид збор: Придавка
Што е од бадем.
Албански: i bajames, bademit
Примери:
Бадемова семка.

базер повеќе

мн. базери
Вид збор: Именка, машки род
Вид бел крин, со раст меѓу 50 и 120 cm, со бели цветови и без мирис.
Латински: Asphodelus albus Англиски: white asphodel Албански: asfodil, lloj zambaku

бакам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение со кое се вапсуваат велигденски јајца.
Латински: Caesalpinia bahanmensis Англиски: caesalpinia Албански: kezalpinë
Примери:
Бакам за боење јајца.

бакла повеќе

мн. бакли
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав.
Латински: Vicia faba Англиски: fava bean Турски: bakla Албански: bishtajë, fasule
Примери:
За готвење се користи недозреаното зрно од зелените мешунки од баклата.

баклица повеќе

мн. баклици
Вид збор: Именка, женски род
бакла
Англиски: fava bean
Примери:
Зеде жолта баклица и отиде на свадба.

балка повеќе

мн. балки
Вид збор: Именка, женски род
вид слива
Англиски: plum Албански: lloj kumbulle
Примери:
Овоштарникот со балки многу роди.
Вид тиква, бела тиква, обично за печење.
Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli
Примери:
Оваа зима ќе јадеме печени балки.

балсара повеќе

Види и: басра (ж.)
мн. балсари
Вид збор: Именка, женски род
басра
Албански: gjeren

бамбус повеќе

мн. бамбуси
Вид збор: Именка, машки род
Вид тропска трска висока од 25 до 30 метри што се користи за мебел, за спортска опрема и сл.
Латински: Bambusa arundinacea Англиски: bamboo Албански: bambus
Примери:
Бамбусите се брануваа на слабиот ветрец.

бамја повеќе

мн. бамји
Вид збор: Именка, женски род
Вид зеленчук со месеста мешунка, полна со зрна.
Латински: Hibiscus esculentus. Англиски: ocra Турски: bamya
Примери:
Бамјата е зеленчукова култура што се одгледува кај нас пренесена од Средниот Исток.

бамња повеќе

Види и: бамја (ж.)
мн. бамњи
Вид збор: Именка, женски род
бамја
Англиски: ocra Албански: bamje, okër

банана повеќе

мн. банани
Вид збор: Именка, женски род
Тропско дрво со големи лисје и со жолтеникави долгнавести плодови што се јадат.
Латински: Musa paradi Англиски: banana Албански: bananë
Примери:
Бананата му се истопи в уста.

баобаб повеќе

мн. баобаби
Вид збор: Именка, машки род
Африканско дрво што расте во саваните.
Латински: Adansonia digitata Англиски: baobab

басра повеќе

мн. басри
Вид збор: Именка, женски род
Разни видови патогени габички (на листот и на плодовите) кај некои растенија.
Албански: gjeren
Примери:
Басра кај тутунот.

безел повеќе

(едн.) безелот
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишна култура што ползи виејќи се околу друго растение со ситни, зелени, топчести плодови во мешунка.
Латински: Pisum sativum Англиски: pea Турски: bezelye Албански: bizele

белоборка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
бел бор
Латински: Pinus sylvestris Англиски: Scots pine Албански: pishë e bardhë

беловина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Средишниот дел од дрвото, делот меѓу кората и срцевината.
Англиски: sapwood Албански: bardhok
бело грозје
Англиски: white grapes Албански: rrush i bardhë
Примери:
На лозница грозје беловина.

беловица повеќе

мн. беловици
Вид збор: Именка, женски род
Вид слива и цреша што е со белузлава боја на плодот.
Латински: Prunus domestica Англиски: plum Албански: kumbull e bardhë

белоцветен повеќе

белоцветниот
Вид збор: Придавка
Што има бел цвет.
Албански: lulebardhë
Примери:
Белоцветен багрем.

белучка повеќе

мн. белучки
Вид збор: Именка, женски род
кокиче
Латински: Galanthus nivalis Англиски: snowdrop Албански: luleborë

бергамот повеќе

мн. бергамоти
Вид збор: Именка, машки род
Крушковиден плод од родот портокали што се користи за ароматични чаеви и парфеми.
Англиски: bergamot Турски: bey armudu
Примери:
Чај со мирис од бергамот.

бессемен повеќе

бессемениот
Вид збор: Придавка
Што нема, што не дава семе.
Англиски: seedless Албански: i pafarë
Примери:
бессемена сорта

бесцветен повеќе

бесцветниот
Вид збор: Придавка
Што нема цвет, што не цвета.
Албански: pa lule
Примери:
Бесцветна грмушка.

бесцветница повеќе

мн. бесцветници
Вид збор: Именка, женски род
Растение без цвет.
Албански: bimë pa lule

бесцутен повеќе

бесцутниот
Вид збор: Придавка
Што нема цут, што не цути.
Англиски: blossomless
Примери:
бесцутно дрво

биволче повеќе

Види и: бивол (м.)
мн. биволчиња
Вид збор: Именка, среден род
отровно растение
Латински: Datura stramonium Англиски: Jimson weed

билен повеќе

билниот
Вид збор: Придавка
Што е од билје, што се однесува на билје.
Англиски: herbal Албански: bimorë
Примери:
билен сок

билје повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Општ назив за билки, тревки.
Англиски: herb Албански: bimë, barë
Примери:
ситно билје

билка повеќе

мн. билки
Вид збор: Именка, женски род
Тревка, растение со лековита или со магиска моќ.
Англиски: herb Албански: bimë, barë
Примери:
Старецот прави мелем од билки.

билкар повеќе

мн. билкари
Вид збор: Именка, машки род
Собирач и трговец на билки.
Англиски: herbalist Албански: herbalist
Примери:
Билкари се движеа по планините.

билкарство повеќе

Види и: билкар (м.)
(едн.) билкарството
Вид збор: Именка, среден род
Професионална дејност на билкар.
Англиски: herbalism Албански: bimëtari
Примери:
Се занимава со билкарство.

благун повеќе

мн. благуни
Вид збор: Именка, машки род
Bид даб што има благи лисја или благи желади.
Латински: Quercus pubescens Англиски: Downy Oak Албански: lis
Примери:
стар благун
Bид круша што има крупни и многу слатки плодови.
Англиски: pear Албански: dardhë

благунов повеќе

благуновиот
Вид збор: Придавка
Што е од благун.
Англиски: oaken Албански: i lisit
Примери:
Благунов желад.

блостур повеќе

мн. блостури
Вид збор: Именка, машки род
Билка со сиви, мовливи листови, со цврсто стебло и со гроздеста, жолта розета од цветови што шират непријатен мирис.
Латински: Verbascum Англиски: mullein Албански: lëpushkë
Примери:
Тој и смрдлив блостур пушел со него од страв да не го навреди.
(само едн.) Назив за растенија со големи, издолжени листови над површината на земјата што најчесто растат на необработливо земјиште и обично не се употребуваат во исхраната на луѓето; , Rumex, Rubia, Vегbаѕkum.
Латински: Rumex Англиски: sorrel Албански: lëpjetë
Примери:
Луѓето изумреле, овошките подивеле и пропаднале, блостур израснал насекаде.

блујавица повеќе

мн. блујавици
Вид збор: Именка, женски род
Вид плевел што расте на житните полиња.
Латински: Lolium temulentum Англиски: cockle Албански: lloj bari

боб повеќе

мн. бобови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) бакла, грав
Латински: faba Англиски: bean Албански: bathë, groshë, fasule
Примери:
Боб си е боб, а поп си е поп!

бобинка повеќе

мн. бобинки
Вид збор: Именка, женски род
Бел глог, листопадна грмушка со пепеласто сива кора на младите гранчиња, белосивкаста или зеленкаста, со ситни црвени плодови;
Латински: Crataegys monogyna Англиски: whitethorn Албански: murrizë e bardhë
боболка
Албански: murrizë

боболка повеќе

мн. боболки
Вид збор: Именка, женски род
Дудинка, бела црница, плод и дрво.
Латински: Morus Англиски: mulberry Албански: man, dud
Примери:
Во дворот имавме голема боболка.

боболкница повеќе

мн. боболкници
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно дрво со сладок плод; дрво на дудинка, бела црница.
Латински: Morus Англиски: mulberry Албански: man, dud
Примери:
Од боболкницата ми падна една гасеница во вратот.

божанка повеќе

мн. божанки
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишна билка со големи црвени цветови од фамилијата афиони.
Латински: papaver rhoeas Англиски: poppy Албански: lulekuqe
Примери:
Божанките на насипот пленеа со црвените цветови.

божур повеќе

мн. божури
Вид збор: Именка, машки род
Декоративна билка со прекрасни цветови, најчесто црвени, со назабени крупни листови.
Латински: Paeonia officinalis Англиски: peony Албански: lulegjake, bozhur
Примери:
Околу бунарот расцветале црвени божури.

божурига повеќе

мн. божуриги
Вид збор: Именка, женски род
булка, божанка
Латински: Papaver rhoeas Англиски: field poppy Албански: lulekuqe fushe
Примери:
Низ нивата цветаа божурики и синчец.

божурика повеќе

Види и: божурига (ж.)
мн. божурики
Вид збор: Именка, женски род
божурига
Албански: lulekuqe fushe

божуров повеќе

Види и: божур (м.)
божуровиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на божур.
Албански: i bozhurit, i lulekuqes
Примери:
Божуров цвет.

боз повеќе

Види и: бозел (м.)
зб. мн. бозје
Вид збор: Именка, машки род
Грмушка или помало дрво со бели цветови со силен пријатен мирис и црни ситни плодови со црвеномодар сок.
Латински: Sambucus nigra Англиски: elder Албански: shtog
Примери:
Седеше во меѓата заграден со боз, мирудија, коприви и капини.

бозел повеќе

Види и: боз (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
боз
Латински: Sambucus nigra Англиски: elder Албански: shtog
Примери:
Крај изворот растеа грмушки од бозел и пелин.

боливач повеќе

(едн.) боливачот
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишна лековита билка со ситен бел цвет и пријатна миризба.
Латински: Matricaria chamomilla Англиски: camomile, chamomile Албански: kamomilë
Примери:
Низ тревата се белееја малите главички на боливачот.

бонсаи повеќе

Вид збор: Именка, среден род
јапонско минијатурно дрво
Англиски: bonsai
Примери:
Чинарот го претвориле во бонсаи-дрво со плиток корен.

бор повеќе

мн. борови
Вид збор: Именка, машки род
Високо зимзелено иглолисно дрво.
Латински: Рinus Англиски: pine Албански: pishë
Примери:
Полјанчето беше опколено со високи борови и буки.

боранија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид зеленчук, зелен, млад грав во мешунка.
Латински: Phaseolus vulgaris Англиски: string beans Албански: bishtaje, boranie
Примери:
Стаса боранијата во зеленчуковите градини.

боров повеќе

Види и: бор (м.)
боровиот
Вид збор: Придавка
Што е од бор.
Албански: i pishës
Примери:
Борова шума.

боровинка повеќе

мн. боровинки
Вид збор: Именка, женски род
Вид зрнесто, планинско овошје.
Латински: Vaccinium myrtillus Англиски: blueberry, whortleberry Албански: boronicë
Примери:
Момчињата набрале некои малини и боровинки.

боровиште повеќе

мн. боровишта
Вид збор: Именка, среден род
Место обраснато со борова шума.
Англиски: pine grove
Примери:
Колоната скршна во боровиштето.

боровник повеќе

мн. боровници
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со борова шума.
Англиски: pine grove
Примери:
Боровникот е млад и чест, ветките ниско појдуваа од земја, се вплетуваа една во друга и се свиваа под снегот.

босилек повеќе

босилекот
Вид збор: Именка, машки род
Мека ниско-растечка билка со ситни цветчиња и пријатен мирис.
Латински: Ocimum basilicum Англиски: basil Албански: borzilok
Примери:
Одајата мирисаше на босилек.

босилок повеќе

Види и: босилек (м.)
босилокот
Вид збор: Именка, машки род
Растение кое се користи како зачин или лек.
Латински: Ocimum basilicum Англиски: basil Албански: borzilok

бостан повеќе

мн. бостани
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за дињи и лубеници.
Англиски: melon Албански: bostan

ботаничар повеќе

мн. ботаничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со ботаника.
Англиски: botanist
Примери:
Традиционално, ботаничарите ги истражувале сите организми кои не биле означени како животни.

ботанички повеќе

Види и: ботаника (ж.)
ботаничкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со ботаниката.
Англиски: botanical Албански: botanik
Примери:
Ботаничка бавча, ботаничка градина, ботанички атлас.

брада повеќе

мн. бради
Вид збор: Именка, женски род
Жилички на корен на растение или самиот корен, ако е од ситни жилички.
Албански: fije rrënje
Примери:
Брадата на празот се отстранува пред употребата.

брашнарка повеќе

мн. брашнарки
Вид збор: Именка, женски род
Bид печурка што се јаде, со бело месо со мириси вкус на брашно.
Латински: Clitopilus prunulus Англиски: Sweetbread Mushroom Албански: lloj këpurdhe me shije mielli

бреза повеќе

мн. брези
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно дрво со бела кора и ситни ливчиња.
Латински: Betula alba Англиски: birch Албански: mështekën
Примери:
Околу дворецот имаше липи и бреза.

брезов повеќе

Види и: бреза (ж.)
брезовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бреза, што е од бреза.
Примери:
брезова шума

брекина повеќе

мн. брекини
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно дрво од родот оскоруша.
Латински: Sorbus torminalis Англиски: Wild Service Tree Албански: vosë, dardhëz

бреслика повеќе

Види и: брест (м.)
мн. бреслики
Вид збор: Именка, женски род
млад брест
Англиски: elm Албански: pishë
Примери:
Селаните сечеа смреки и бреслики.

брест повеќе

мн. брестови
Вид збор: Именка, машки род
Листопадно шумско дрво.
Латински: Ulmus Англиски: elm Албански: pishë
Примери:
Меѓу нив, по личнотија двои еден млад брест.

брестов повеќе

Види и: брест (м.)
брестови
Вид збор: Придавка
Што е од брест.
Албански: i pishës, pishe
Примери:
брестова шума

брокола повеќе

мн. броколи
Вид збор: Именка, женски род
Зеленчук сличен на карфиол.
Латински: Brassica oleracea Англиски: broccoli Албански: brokoli
Примери:
Супа од брокола.

броќ повеќе

(едн.) броќот
Вид збор: Именка, машки род
Растение со кое се бојадисува во жолто-црвена боја.
Латински: Rubia tinctorum L Англиски: dyer's madder Албански: bimë ngjyruese
Примери:
Пред да бојадисуваме, беревме броќ.

брошт повеќе

Види и: броќ (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
броќ
Албански: bimë ngjyruese

брусница повеќе

мн. брусници
Вид збор: Именка, женски род
Црвена боровинка, дрво.
Латински: vaccinium macrocarpon Англиски: cranberry Албански: boronicë e kuqe

бршлен повеќе

мн. бршлени
Вид збор: Именка, машки род
Зимзелено растение со долги гранки што се јази по цврста потпора.
Латински: Hedera hilix Англиски: ivy Албански: dredhkë
Примери:
Од предната страна нашата куќа беше обрастена со бршлен.

бука повеќе

мн. буки
Вид збор: Именка, женски род
Bид листопадно, планинско дрво со широка крошна.
Латински: Fagus sylvatica Англиски: beech Албански: lis
Примери:
Среде лединката како стожер стоеше една голема расчаталена бука.
Жлеб издлабен во стебло по кој тече вода кон колцето во воденицата и сл.
Албански: ulluk
Примери:
Водата стрмно паѓаше надолу низ буката од воденицата, силно удираше на воденичкото колце, го вртеше и тоа ги тераше воденичките камења.

буклинка повеќе

мн. буклинки
Вид збор: Именка, женски род
Буков желад.
Англиски: acorn Албански: lis, lende

буков повеќе

буковиот
Вид збор: Придавка
Што е од бука.
Англиски: oaken Албански: lisi
Примери:
букова шума

буковка повеќе

мн. буковки
Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка што се јаде и се одгледува индустриски, во природата расте на паднати стебла, најчесто букови.
Латински: Pleurotus ostreatus Англиски: Oyster Mushroom Албански: lloj këpurdhe në trung lisi

булка повеќе

мн. булки
Вид збор: Именка, женски род
Вид полско цвеќе, едногодишно растение со големи црвени цветови, див афион.
Латински: Papaver rhoeas Англиски: field poppy Албански: lulekuqe
Примери:
Кога се качивме на ридот, пред нас се рашири житно поле со румени булки низ него.

бурјан повеќе

мн. бурјани
Вид збор: Именка, машки род
Трајна зелена билка, висока од 1 до 2 метри, со ситни бели цветови и црни бобинки како плод; див бозел.
Латински: Sambucus ebulus Англиски: Danewort Албански: qingër, shtog
Примери:
Седеше во меѓата заграден со боз, бурјан, мирудија, коприви и плет од капини.
трева, плевел
Англиски: weed Албански: tëharr, barojë
Примери:
Патот водеше низ густите бурјани од штавеј и цволики под кои излегуваа уплашени кокошки.

бурјаниште повеќе

мн. бурјаништа
Вид збор: Именка, среден род
бурјан
Албански: qingër, kingël
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш