абортира

абортираат, абортирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 22543
1. По своја волја прекине, прекинува бременост; дозволи, дозволува да се изврши хируршка интервенција со која се прекинува бременоста.
Латински: aboriri Англиски: perform an abortion Албански: aborton
Примери:
Таа абортира во некоја скопска клиника.
2. Пометне, пометнува, има спонтан абортус.
Латински: aboriri Англиски: have an abortion Албански: aborton
Примери:
Таа абортира по едно ненадејно паѓање.
Изведенки
абортирање ср.
глаг. им.