десен

десни
Вид збор: Придавка
Ранг: 993
1. Што се наоѓа на спротивната страна од страната на срцето, што е на спротивната страна од левата.
Латински: dexter Англиски: right
Примери:
Десна рака.
Десно око.
Десно рамо.
Десен ракав.
Десен чевел.
Десен џеб.
2. Што е политички конзервативен.
Англиски: rightist
Употреба: Политика , Преносно значење
Изрази
Тој е десна рака некому - тој е најдобар помошник.