лев

леви
Вид збор: Придавка
Ранг: 1032
1. Што се наоѓа на страната на срцето, што е на спротивната страна од десната.
Латински: laevus Англиски: left
Примери:
Го касна оса за левата рака.
2. Што е политички либерален, левичарски.
Англиски: leftist
Употреба: Политика , Преносно значење
Изрази
Има две леви нозе - не знае да танцува.
Има две леви нозе - не го бидува за спорт.
Има две леви раце - ништо не му оди од рака, се што ќе фати излегува погрешно.
Малку е лев/лев човек - има незгоден карактер, тешко може да се разбереш со него.
Станал на лева нога - не е расположен денес.