автодидакт м.

автодидакт (м.)

Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Автодидактите особено во доменот на јазиците лесно стануваат утописти, а понекогаш и идеалисти. Тоа се случуваше со Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговото залагање за природната еволуција, за откривањето и изучувањето на нејзините законитости на Балканот, наликува на една од многуте илузии, толку чести кај многу автодидакти интелектуалци на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луцидниот Климент Камилски, кој многу добро ја познаваше француската книжевност, намерно му ја даде на читање книгата од Флобер на Татко, за во крајна линија да го соочи со опасностите кои можат да произлезат од нивната акција на чистење на османскотурски зборови по падот на Османската Империја, со нивните автодидактички познавања на лингвистичката наука, во времето на нејзиниот подем, да не се најдат во позиција на Бувар и Пекуше, да не биде разбрана нивната мисија како на балкански Дон Кихот и Санчо Панса, да се најдат на потсмев на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, посебно запре на Речникот на излитените идеи на крајот на романот Бувар и Пекуше, кои произлегува од автодидактичкиот резон на јунаците на Флобер во судир со науката, со гротескен, хуморен и комичен ефект!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време размислуваше, се разбира како автодидакт, за генезата на полифоното пеење.
„Граница“ од Луан Старова
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако автодидакт, во проучувањето и откривањето на јазиците, надарен со силна дарба и интуиција во учењето на новите јазици, тој добро знаеше дека лингвистиката е комплексна и ригорозна наука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татковиот проект, во кој секој балкански народ би бил посебно претставен, заврши како што завршуваше секоја илузија на големите балкански автодидакти, поради големите празнини во историјата на нивните народи, во недостиг на институциите кои би го бележеле, континуирано, нивното сеќавање, како очајнички монументален подвиг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
IX Пред да ги утврдат доминантните теми од огромната и сложена материја на јазиците, врз кои најмногу го сконцентрираа вниманието двајцата лингвисти автодидакти, на Климент Камилски неочекувано му се влоши видот и постоеше опасност постепено да го изгуби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, макар формирани во различни струки и со различни мајчини јазици, првиот правник, вториот професор по педагогија, сепак остануваа информирани автодидакти во нивната мисија да се справат со туѓите зборови во нивните мајчини јазици, и посебно со зборовите со опасна конотација од османскотурскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Велеше, уште со својот резон на автодидакт, дека природните феномени верно се одразуваат како на огледало врз човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)