адаптација (ж.)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сепак адаптивните елементи можат да развијат добри решенија за невообичаено тешки проблеми.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како резултат, нашите конструкти се подложени на постојани адаптации со тоа што се ревидираат под влијание на искуството.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Очигледната способност на Холандовите симулации да ја одразат природата го привлекла интересот на една мала група на економисти, вклучувајќи го Брајан Артур од Универзитетот во Станфорд и нобеловиот лауреат Кенет Ароу кои веруваат дека економиите можат исто така да бидат разгледувани како сложени адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во меѓувреме Пакард започнал со создавање компјутерски симулации кои покажуваат дека сложените адаптивни системи се склони да еволуираат кон таа граница по пат на природна селекција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Не мислам толку на сопственоста - вели Даскалов – колку на она другоно, адаптацијата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Овие средства не можат да се користат повторно пред истекот на три години, освен за адаптација на работното место доколку тоа го налага техничко-технолошкиот процес.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Второ, за адаптација на простор се предвидува исплата на 30 просечни плати со можност за повторно користење на средствата доколку тоа го налагаат промените во техничко-технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидност на лицето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четврто, кај исплатата на средства за адаптација на работното место наместо исплата на 30 просечни плати според нивната висина во претходниот месец пред поднесувањето на барањето, предвидена е исплата на фиксна, и пониска, сума од 100.000 денари.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
- Како оди адаптацијата? - праша. - Се тркала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)