адет м.

адет (м.)

И тој е еден од адетите, та не може да се изостави ако се сака напредок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ни е за многу години. Сѐ за арно да ни е адетот наш рисјански... целокупни да сме си.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Елем, да се направи адетот и да прикажуваат децата кога ќе пораснат дека „филан и филан јас го знам и на сповојницата сум му бил“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стоеше достоинствено со детето на раце и чекаше, пак според адетот, човекот да ѝ каже што било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас адетите многу ги бендисувам и не сум за да се изоставаат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Па адетите си се адети и кај вас, и кај нас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушајте сестри туркинки скршите лоши адети, фрлајте пусто фереџе, во ваши срца ранети радоста нека заигра...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Таков беше адетот, а и мајка Ленче никогаш на слава кај деверот не одеше со празни раце.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Му отиде Тане на самиот ден кога почна да ја гради куќата, кога започнуваше да се прави адетот, кога требаше да се заколи јагнето за курбан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Цело село знае кој ден доаѓаат печалбарите, - но и таков е адетот – никој од село надвор не излегува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете како би било, да не се држат адети.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Адет така било. Окото на мажот кон други жени не смее да скита.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Зошто се тие адети, зошто да лице криеме?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпезата пред гостите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тој надуењак чорбаџиски, ако нејќе да биде цигански кум, нека излезе од верата рисјанска надвор, нека згази на адетот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе