амфитеатар (м.)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Четвртото, и последно летање, се случуваше во висока засводена просторија, амфитеатар со футуристички дизајн, во која се одвиваше час по физика.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дворот беше како амфитеатар, простран и вкусно уреден.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)