ан (м.)

Не го сторив тоа и живеев во стар напуштен ан, бев злодух поклопен од сенката на минатото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не го сторив тоа и живеев во стар напуштен ан, бев злодух поклопен од сенката на минатото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Размислувајќи ги овие зборови и друзи ноќта, Силјан уште во темни зори ја праштил в град и си ошол на еден ан кај што си одел секогаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама и водарките пуштија чекор и таман на ќошот од Влашкиот ан — среќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По патот постанаа три-четири стари доодени коњи и мораа да ги сменуваат по аништата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доста ја дочека пролетта и еден убав сечков ден ги опра на реката сите мотаници од нејзината предотина, а на другиот ден зеде дваесетина триесет јајца и му отиде на Колобана на анот и за сите купи пет шест чешити бои.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа сеа кога ги видоа во анот потковичаните и над сите нив извишен Лазора, и едните и другите, и дружината Хаџи Ташкува и Арнаутите, прв Хаџи Ташку, навалија на Лазора да се согласи да се збори со Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вечерта за касметот од Силјана дошол еден дуовник на анот, од Божи гроб, да проси милостина по вилаетот Прилепски и по други.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кај вас, во Потковицата, ме испратија Ончевци, (делениците Акиноски кои живееја во Солун по стрикото Максимов Онисми, нагалено Онче, се викаа Ончевци и таму, во Солун, го држеа Бошњак Ан), тие ме испратија кај своите деленици во Битола, а тие овдека, на Имотот, за да го засолнам чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чакарвелика беше излезена со плетало во дворот од анот да ги попечи коските на жешкото летно сонце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се растуреа секој ан своја страна, ќе го паметеа настанот, ќе молчеа како смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе