анестезија (ж.)
О, малку морфиум
анестезија
додека ти ја режат
татковината
на живо
по којзнае кој пат
овој пат дома
- помрачениот ум реже
заслепен од белината
на светлината
од себеси, Боже
суетата е клопка
осуети ја
избегни го последниот чин
на македонската
мелодрама
смени го жанрот
направи нешто!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ми дадоа локална анестезија и сега ме тераат да зборувам, нешто да раскажувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Легната на кревет со неколку доктори и сестри околу себе во една приватна болница одгледав краткометражен филм со мене и моите црева во главна улога, како кратка реклама за колагенска крема и чај од нане на голем плазма телевизор... додека не ме фати анестезијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Анестезијата од вчера ја снема и тој сега лежеше на креветот чувствувајќи болка низ целото тело и во душата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со концентрирана добрина тој ја истури анестезијата во својот брат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)