антика (ж.)
Античкиот град молкум
го напуштаме
ги памтиме звуците
на животот
пред катастрофата
и се разбираме
со чкрботот на забите
и случајните крици
кои личат на оние
од мигот на уривањето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од Антиката е познат случајот на филозофот Диоген којшто кучешкиот живот го сметал за ултимативен модел за човечкиот живот и решил да живее како куче.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Онаква каква живеела, одамна, во антиката, каква ја замислил големиот Грилпарцер, каква сакаат сите да ја видат и доживеат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во нив се продаваат стари книги и сѐ што е антика во литературата и тоа на разни јазици, па човек може ненадејно да сретне секакви раритети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потоа се придвижи преку низата од фигури, како човек што разгледува драгоцена серија од статуи, собрана од некоја античка урнатина на брегот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да се урне или не Картагина! , беше за мене дилемата, парадигмата, која не престануваше да се наложува со својата актуелност, од античките па сѐ до денешните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не веруваше дека можеше да се очекува некоја моја посебна реакција во античката арена.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овој феномен бил познат и во антиката и е наречен „Орфеев ефект“ кој ете, и јас го осознавам, го откривам, ќе го проучам, ќе го запишам и на идните поколенија ќе им го оставам“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во старата античка цивилизација се следеше хармонијата на природните феномени и божествата беа потчинети на таа човекова потрага, верувајќи во еден вид бесмртност, која заземаше место во меморијата на човештвото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
АРСО: Го знам јас што антика човек е чорбаџијата твој.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Големиот бран знае дека е зачнат од една капка и дека секоја капка треба да се варди како античка убавина пред налетот на големите светски жеги.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ако во антиката луѓето се жртвувале во името на Дионис, сега тие треба да се жртвуваат за новиот господар, Сталин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас сакам до небо и преку старата железничка пруга, низ зрелите жита, од античките времиња, од кога скитам, од другата страна на виножитото кружно што од небо се гледа, а не сводно, од земја.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Преданијата и археолошките наодби велат дека имало населба и во предисторискиот период, потоа и во антиката и во ранохристијанскиот период.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)