арена ж.

арена (ж.)

Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Таа никако не повлијаила врз судбините на соседните народи, а била арена на политичка и културна борба меѓу разните балкански народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие стоеја однатре на влезот, беа војници од излог со детски играчки и рамнодушно ждракаа кон арената.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Одеднаш, концептот за сајберспејс се рашири и стана инспирација за вистинските хакери; тие почнаа да ги пренасочуваат своите интереси кон техничката арена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ѝ се пристори дека го слушна гласот на политкомесарот кој скоро пред неполни четири месеци, таму на ливадите на Арена им велеше: - Ако не убиеш, тогаш тебе ќе те убијат!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не веруваше дека можеше да се очекува некоја моја посебна реакција во античката арена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Вие вистински имате присуствувано на арената во циркузот што го спомнувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вели: „Бевме кловнови. Или потсетувавме на клонови што ги повеле боси на прошетка по циркуска арена послана со трње место со триње!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чекорам како во арена и предизвикувам восхит. Со маска на лице.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Викотниците не престануваа. Тоа беше „арената“ на берзијанерите. Секој надвикуваше колку што може и умее.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изветреен си ти, Август, сосем изветреен. Публиката се проѕева кога ќе излезеш во арена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во мигови на резигнација ја читал книгата на англискиот историчар Едвард Гибон (1737- 1794) Историја на падот и пропаста на Римската империја (1776) во која се говорело и за трагедијата на гладијаторските борби во картагинските арени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како во картагинска арена од римскиот период како да беше завршена за Хабиб Бургиба една невидлива гладијаторска борба на живот и смрт во доменот на владеењето и борба за место во историјата, во која тој не се сметаше ниту за победник, ниту за губитник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе