баба ж.

баба (ж.)

Каде може баба на маж да се спротистави!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Греота е идентитетот на Балканот! – ми вели тој со нескриена зачуденост. – Па денеска цел свет е во потрага по својот идентитет, а ти сакаш ние да живееме како баби, да го заборавиме сопственото минато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во куќата крај брегот на Езерото, под Италијанците, живеевме ние, со вас, а во другата куќа, под Грците, беше баба ви, со вашиот чичко и неговото семејство, со нив беа и вашите тетки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На ливада шарена една баба Марта немо си седна дечиња се збираат принцеза ќе бираат. Се појави пчеличката Маја...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го удри дедото по главата и ѝ го украде здолништето на бабата која беше беспомошна без бастунот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А колку сѐ уште не се испеани од тие што ги памти од баба и мајка?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Баба секоја вечер тивко влегуваше во капеличката и се молеше за здравје на сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се сетив на баба која и по триесет години од смртта на нејзиниот девер, сметаше за нужно да му ги направи сите редови што се носат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба гласно колнеше, а јас не можев да разберам зошто му го сториле тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еден ден дедо доби писмо и ѝ го прочита на баба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ми имаше само еден брат и живееле кај баба ми, побогато.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Цироните баба ми лично ги приготви со киселина и со солпипер.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ми се вратила од реката и нѐ барала насекаде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе