бакшиш м.

бакшиш (м.)

За мене некој бакшиш не ќе има на ова добро што ти го правам?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Извади пари од нејзиното ќесиче за да им даде мал бакшиш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А сега ќе го натерам да се истркала по креветот на младенците, машки деца да им се раѓаат! Ти спреми бакшиш за него!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Екстерно и интерно тестирање прави секоја недела и бесплатни часови по сите предмети, од прво до осмо им дава катадневно на твоите и на оние од брат ти. Пофалница и благодарница не се бакшиш!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зеде од него две лири да ѝ купи чевли и волнена шамија; го излага ќатипот за Дунава, сестра ѝ, му зеде лира за бакшиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ден значи донесе цела стодинарка бакшиш. А знаеш што значеа тие тогашни сто динари? Полна вреќа бело брашно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ја плати сметката, видливо додавајќи убав бакшиш, а потоа со едната рака го фати кесето со кафе а со другата шишето коњак и, туркајќи ги кон неа, насмевнато ѝ рече: „Ова е за вас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но кога гостите го погледнаа со дисторзирани очи, сфати дека денеска не смее да смета на бакшиш. 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Мене ми е позната изреката: Во Портата без бакшиш ништо не можело да се постигне, а со пари... сѐ!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секогаш, после процесите, тој ќе му дадеше по две-три банки, а по окончуваето на процесот во врска со случајот на солунецот Раде му даде цела стотка бакшиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Софиските келнери веќе ги распознаваат нашите туристи токму по шампанското и ...по шопската салата. Но и по големите бакшиши.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И во пеењето – спомен, ја има Фанка која бери грозје лисичина и падарчето кое ја фати, а не сака бакшиш пендолира, туку сака, леле, црни очи... и калеш Донка и Калината руса коса како тељови за тамбура и лулашката на Ѓурѓовден и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бакшишот се ширел на Балканот како барутот рече во шега Татко, а Камилски слатко се насмеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И дојдоа, во најмагливата ноќ во декември, со сопствени возила колку што вкупно во населба немаше, а мајка ѝ ќе пукнеше од мака што соседите не можат да видат колку бакшиши ѝ донесоа на „нечесницата што се дала пред брак“ и колку букети влегоа во бараката и, замисли, по два, еден за свршеницата, а еден за „госпоѓата “мајка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е сега, нека не се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Добивавме и бакшиш од Татковите пријатели што, кога ќе завршеше играта, го делевме на еднакви делови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе