банда (ж.)
Не треба да се заборава и тоа како се изразуваа во европските весници за битките на четите со Турците: четите се викаа банди и тоа бугарски, а не македонски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Завладеа дивиот терор... Жандармерија и подвижни воени одреди тесно соработуваат дури и со бандите на поранешните соработници на окупаторот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бараше да се договориме како да најдеме начин да се зачуваме од бандите што идеа од Албанско.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Низ земјата крстареа регуларни воени трупи и одметнички банди, поворки бегалци кои барајќи спокој и спас се движеа од север кон југ, од исток кон запад на земјата.
„Граница“
од Луан Старова
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Авторот има идеја. Тој знае дека најстара на седиштето до него е босот на трочлената банда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Манастирот подоцна, им рече игуменот, со доброволни прилози на народот, пак се обновил, но низ времињата бил често опустошуван и плачкосуван од качачки банди: опустошуван бил и од чумите што ги носеле војните; но тој пак опстојувал и ја ширел просветителската дејност преку учениците што учеле во неговото училиште.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Само бандите, гангстерите, мафиите, посветените или перверзни друштва и некои соучесништва можат да преживеат, но не и паровите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Едногласно одлучија од тој ден да им бидам капитен на тимот и водач на „бандата“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Нешто пред 18 часот од кај самопослугата се појави бандата на Абраш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Гусарско знаме и четири буриња рум крај топовите. Ха, бандо, ќе биде весело!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Чисти се, бандо, инаку... Не најде збор со кој би ја завршил мислата и страшно мрдна со црните мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мажот, вујкото, кога ја здогледал разулавената банда, всушност, пушката во рацете на својот шура, ја здувнал кон планињето.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Кај може член на бандата да ми биде девојка?!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Марш, Титова бандо, ми се врека и ми опалува една опачечка, ми го изгорува образот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)