бато (м.)
Бато грабливо ги вадеше бонбоните од црвеното ќесе и одговараше со полна уста. - Благодарам, ќе бидам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа лето не само што сфати дека таа и тој не се брат и сестра, туку сфати и зошто Дончо на Чана го викаше Големиот Бато.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За неа Дончо на Чана како да ѝ беше братче, го викаше Големиот Бато, не се ни обидуваше да сфати дека не е возможно деца од две мајки да бидат брат и сестра.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бреза почна да кенка: - И мене сакам да ме земат, сѐ бато оди, а јас останувам дома. Сакам и јас да одам, сакаам и јаас...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Смејте се, - рече татко ми, - ама бато почнува со бизнис - и се чукна гордо по градите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Знаеш ли колкава книга досега ќе имавме ако ги запишуваше приказните за бато и моите?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дојде до Бошка и му се сплетка во нозете. - О, Перо! Мачорче убаво! - Рече Бошко, го зема мачорот и заедно со него легна на креветот. - Слушај, Перо, бато ти Бошко ќе ти раскаже нешто убаво!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Бато – продолжив да испитувам, - а, ако твоите луѓе се послаби од оние во паркот? Ако се случи некое убиство!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И заминаа. - Бато! – викнав по него – те молам, внимавај! Се плашам!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Но, а ти, Бато, ќе бидеш ли офицер? Коњички капетан?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Татооо, бато не ме сака, бато не ме сака и јас сум тажна, - му се пожали на тато.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)